Загина „благајникот“ на Албанците во Сирија


Во Сирија е убиен уште еден Албанец од Балканот. Станува збор за албанскиот државјанин Шкелзен Думани, припадник на џихадистите на ИД, кој на тамошните боишта бил речиси една година.

DE54BD0A94025944BC9A58255E904AD6
Албанските власти в средината на март по него и уште неколку други лица распиша меѓународна потерница под обвинеие за потикнување и организирање на мрежата за регрутирање на муслимански верници во Албанија и нивно испраќање во Сирија.

Триесет и девет годишниот Думани бил „главниот благајник“ кој им плаќал и го организирал одењето на Албанците во Сирија. На заминување за Сирија, без согласност на неговата сопруга тој со себе ги земал и седумгодишниот син Ендри и три години помалата ќерка Ева кои, како што наведуваат медиумите „се останати сами на военото поле“. Нивното исчезнување во полиција го пријавила мајка им и тие сеуште се водат како исчезнати.

Неофицијално до сега во Сирија и Ирак убиени се шеесетина Албанци од Балканот, најмногу од Косово. Од Македонија потврдено е загинувањето на дванаесет.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1