Дваесетгодишниот Рики Такер од Детроит загина во сообраќајна несреќа додека се брзал да стигне во болницата во која се наоѓало телото на неговата сестра 21 годишната Бренда која претходно извршила самоубиство.
Бренда неколку месеци боледувала од депресија и ноќта во семејниот бар земала пиштол и во задната просторија сакала да се самоубиле. Неколкумина од вработените се обиделе да ја одвратат од намерата но не успеале.
„Бренда го зема пиштлот, но јас и го оттргнав од чело. Долго време разговарав со неа. Излегов надвор да повикам помош – други останаа со неа, а потоа слушнав истрел. Беше грозно. Имаше 8 до 10 луѓе во барот и сите слушнаа“, изјавил нивниот вујко Еди Фалбо.
брзата помош ја пренела Бренда во болница каде само констатирале смрт. Рики кога чул веднаш заминал во болницата. Но попат се судрил со теренско возило и загинал. Возачот од другото возило минал со полесни повреди.
Инаку само шест месеци претходно Рики во самоодбрана го убил својот очув со огнено оружје, пренесува српски Курир.