Младиот гејмер заспал играјќи на својот мобилен , кој останал покрај него додека се полнел. Састра Мо-ин од Тајланд е најден мртов , а неговата тетка изјавила дека го нашла како лежи во креветот со раката до продолжниот кабел на кој ги полнел мобилниот и другите уреди за гејмање. Таа тврди дека веднаш ја исклучила струјата и повикала полиција.
„Мојот внук минуваше многу време во кревет играјќи игри со уреди за полнење покрај креветот. Го видов многу пати како спие додека уредите сè уште беа вклучени“, рече таа.
Полицијата брзо пристигнала во куќата, но младичот веќе бил мртов. Причината за смртта е „електричен шок предизвикан од мобилен телефон“.
Веста за неговата смрт доаѓа само неколку дена откако почина 14-годишно девојче во Казахстан, додека батеријата на мобилниот телефони што бил покрај перницата експлодирала додека спиела. Нејзиниот мобилен телефон бил вклучен во полнач и се смета дека се прегреал за време на полнењето.