Загина параглајдерист во Охрид – се урнал во водата


Во несреќа што се случи денеска околу пладне во Љубаништа, животот го загуби параглајдерист. Неофицијално тој бил странски државјанин од Унгарија.

paraglajderistОчевидци за OhridNews изјавија дека параглејдеристот најверојатно поради проблеми со леталото паднал од голема висина во вода на околу триесет метри од брегот.

Со глисер тој бил веднаш изваден на брегот и давал знаци на живот. Бил контактибилен и разговарал со обучените спасители на плажата кои му пружиле помош.

Веднаш била повикана брза помош која, како што изјавија очевидци пристигнала по околу 40 минути.

Бил направен обид за реанимација на повредениот од страна на пристигнатата лекарска екипа но параглајдеристот починал.
OhridNews

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1