Републиканската политичарка Кристина Бонд (55) загина во бизарна несреќа, местејќи го својот револвер во специјалната футрола закачена за градникот, при што оружјето случајно испукало и ја погодило право во око.
-Имала проблеми со местењето на футролата во градникот, не можела да ја намести како што сакала. Гледала во градникот и случајно пукнала – изјави началникот на полицијата.
Таа е префрлена во локалната болница, а потоа со хеликоптер на хирургија во Каламаз, каде им подлегнала на повредите.
Бонд по завршувањето на средното училиште, служела во војната полиција во морнарицата, а пред кратко време се кандидирала во својот округ како член на Републиканската партија.