Ученик на возраст од 15 години, загина само два часа пред да заврши екскурзијата. Паднал од втори спрат на недовршен хотел во дупка за лифт, ооткако наставниците ги пуштиле учениците на прошетка.
Б92 јави дека загинал ученик од Бела црква. Тој со соучениците од петокот бил на екскурзија во Врњачка бања. Наставниците денеска им дале два часа да се прошетаат пред да тргнат назад. Момчето со една група деца отишле до неизградениот хотел. Му заѕвонил мобилниот, застанал да зборува а другите продолжиле.
Кога виделе дека го нема ги известиле наставниците а тие полицијата. Tелото на момчето било најдено кај хотелот. Според информациите тој паднал во дупката за лифт на недоизградениот хотел, починал на лице место од повредите здобиебни по падот .