Во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Ниш-Скопје во близина на рампата Долевац починаа градоначалникот и претседателот на Советот на Општина Ранилуг, Градимир Микиќ и Саша Алексиќ.
Несреќата се случи кога возилото „тојота лендкрузер“, кое се движело од Скопје до Ниш, од неодредени причини слетало на патот.
Во несреќата повредена е и Весна Микиќ, сопругата на претседателот на Општината, и Давор Петковиќ, претседател на одделот за образование и здравство при Општината.