„Загинатото“ момче на Оливија Њутон-Џон пронајдено живо и здраво по 12 години


Американската медиумска агенција „Њу ајдија“ минатиот месец во камп во Мексико фотографирала маж кој неверојатно потсетува на 60-годишниот камерман Патрик МекДермонд, поранешното момче на актерката и пејачка Оливија Њутон-Џон (69), кој исчезнал пред повеќе од 12 години.

Мажот шетал без маица во друштво на непозната жена.

По проучувањето на фотографијата, истражителот Чарли Паркер е убеден дека станува збор за исчезнатиот Патрик.

– Верувам дека тоа е е тој, пронајдов 90 отсто сличности – истакнал истражителот.

Патрик во 2005 година отишол на риболов после што му се изгубила секоја трага.

Три години подоцна го прогласиле за мртов, иако никој од 22 патници кои биле со него на бродот „Слобода“ не виделе како го напушта бродот, ниту дека влегува во морето. Се верува дека ја лажирал сопствената смрт. Во времето на исчезнувањето должел илјадници долари надомест за издржување на својот син Ченс.

Оливија Њутон-Џон изјавила порано дека исчезнувањето на Патрик многу тешко ѝ паднало и дека често се прашувала дали сè уште е жив, пишува „Дејли мејл“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1