Хрватската полиција вчера, после 20 часот, ја опкружи француската амбасада во загреб и го блокираше сообраќајот во тој дел од градот, јавуваат хрватските медиуми.
Акцијата следува по дојава дека на една од капиите во непосредна близина на амбасадата е оставена женска чанта.
По проверката утврдено е дека нема опасност и дека се работи за лажна тревога, по што сообраќајот е нормализиран.