Захарова: Западот се обидува да ја вовлече Македонија во НАТО


Западот, како и досега, се обидува да ја вовлече Македонија во НАТО, дури и по референдумот за промена на името, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на редовниот неделен брифинг во Москва.

Како што пренесува ТАСС, Захарова изјави дека „очигледната цел на западните земји е по секоја цена да ја внесат Македонија во НАТО“.

Реакцијата на Захарова следи по вчерашната изјава на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, дека Алијансата ќе ја прими Македонија во своите редови на почетокот на 2019, што според неа е недозволено, бидејќи „првата одлука треба да ја направат парламентите на Македонија и Грција“.

Позицијата на Русија, рече Захарова, останува принципиелна и непроменета-долгорочно решение за проблемот може да најдат самите земји, без мешање и притисоци однадвор, бидејќи се покажа дека тоа не функционира.

– Ако зборуваме за немешање во внатрешните работи, тогаш не смееме да агитираме „за“ и „против“, доколку зборуваме за референдуми. Ако зборуваме за немешање во внатрешните работи и почитување на законот, вклучувајќи ги и меѓународните, тогаш првиот човек на еден блок од држави не смее да говори за одлука што треба да ја донесе парламентот на една земја, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи.

Или, додаде, треба да признаеме дека еднаш тоа може да се случи и тогаш ќе се појави нов светски поредок.

Таа, исто така, кажа дека е изненадена од наодите на комисијата на ОБСЕ, што го следеа одржувањето на референдум во Македонија, пренесе Спутник.

-Големата пропагандна кампања на Западот се претставува на позитивен начин. Тоа не е само нормално, тоа е, исто така, и плус. Што ќе се случеше доколку Москва ги повикаше Македонците да гласаат? Тоа веднаш ќе се сфатеше како мешање во внатрешни работи. Ова не се само двојни стандарди, туку злоупотреба на социјални правила и норми, додаде Захарова.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1