На ТАВ Аеродром Александар Велики-Скопје, вчера вечерта на телефонот за информации, со кој оперирала вработена во ТАВ инфо-служба, од страна на засега непознато лице добила анонимен телефонски повик со закана.
По добивање пријава за настанот, полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот.
-Од страна на ИТ – службата на ТАВ бил утврден телефонскиот број од лицето кое се заканувало. Од страна на полициски службеник остварен е контакт со лицето и при разговорот истото одбило да го каже својот идентитет и продолжило со истите закани, информираат од МВР.
Од полицијата преземаат мерки за расчистување на настанот.