Закани за обвинителка од „Детонатор“, побарала 24-часовно обезбедување


Сведок од случајот „Детонатор“, вчера во Основниот суд во Виница ја преплашил обвинителката, јави телевизијата „Стар“.detonator apsenje

Меѓу него и првообвинетиот во случајот „Детонатор“ избил жесток вербален дуел, по што обвинителката побарала тој да биде остранет од судницата, што предизвикало револт кај сведокот, поради што и се обратил на обвинителката со зборовите: „Ти ли ќе ми кажуваш дали да го напуштам судењето или не… Јас и ти ќе се видиме надвор“!

По ова, обвинителката побарала засилена асистенција од полицијата и таа ноќта во Кочани ја поминала со 24 часовно обезбедување кое дежурало околу нејзиниот дом.

Денеска таа за телевизијата „Стар“ изјавила дека за настанот ги информирала сите надлежни органи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1