Даниел денес слави роденден – полни 31 година


На денешен ден (17-ти октомври) пред точно 31 година се роди Даниел Кајмакоски, човекот кој за неполна година ги освои македонските обожаватели,а се здоби и со бројни фанови од екс ју државите.daniel 544

 

По сѐ изгледа дека овој роденден ќе му биде најинтересен зошто сигурно досега добил честитки колку што не добил во целиот живот. Неговиот профил и фан страната на фејсбук се преполни со честитки од неговите обожаватели, кои му посакуваат многу успех и секако здравје и љубов.

Дефинитивно животот на Даниел се промени вртоглаво, а ниту самиот тој не претпоставувал дека покрај сите неуспешни обиди да се пробие на естрадата, на 30 години ќе победи на натпревар како Х-Фактор и ќе му се отворат вратите на славата.

 

Вистина.мк.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1