Објавена снимка: Солзите на заболената од ебола медицинската сестра, Нина Фам


Медицинската сестра заразена од ебола, Нина Фам, може да се види како зборува на видео споделено од болницата во Далас, снимено пред утринава да биде префрлена во Националниот институт за здравство во Бетесда, Мериленд, пренесе Хафингтон пост.

Таа побарала видеото кое го снимил лекарот што ја лекувал од болеста, д-р Гери Вајнштајн да биде јавно споделено.nina fam ebola

На снимката се гледа како Нина Фам се шегува со нејзиниот лекар и вели: „ Дојдете во Мериленд, сите“. Но, таа, сепак, и покрај тоа што сака да остане расположена, плаче и им вели на лекарите:„Ве сакам, момци“.

– Ти благодарам што беше дел од тимот волонтери што се грижеа за нашито прв пациент, вели Др Вајнштајн мислејќи на учеството на сестрата во негата на починатиот Либериец кој беше првиот пациент заразен од ебола во Соединетите Американски Држави.

Фам вчера беше примена во Одделението за специјални клинички студии на Клиничкиот центар НИХ за да биде лекувана од експерти за заразни болести и интензивна нега.

Амбер Винсон, другата сестра заразена со ебола откако го лекуваше Либериецот, во средата вечерта била испратена во болницата на Емори универзитетот во Атланта.

 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1