Доека општинските огранизации собираат потписи за да остане, Бранко Црвенковски реши да се одмори и замина за Белград.
„Лидерот на СДСМ на заминување Бранко Црвенковски, од денеска заминува на одмор во Белград. Собирањето потписи во општинските организации низ Македонија за негово кандидирање на претстојниот конгрес на втори јуни, т.е. за останување на чело на партијата е залудно, бидејќи ништо нема да го премисли во одлуката. Таа е конечна, и тој нема да се кандидира”, вели за Вест генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров
Тоа остава просторза кандидатурите на социјалдемократите со претседателски амбиции. Најсериозни кандидати се Кире Наумов, Зоран Заев и Игор Ивановски