Залутан куршум погоди минибус полн со луѓе додека чекале на патарина


patarina2Залутан куршум завршил во ветробранското стакло на минибус на патарината Гостивар – Тетово. Инцидентот кој преплашил петмина гостиварчани се случил вчера во 13:40 часот.

Во минибусот биле возачот и четири патници. Куршумот долетал во ветробранското стакло на минибусот, додека чекале да платат патарина.

За среќа куршумот не го пробил стаклото и никој не бил повреден.

Полицијата работи на расветлување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1