Залутан куршум погодил девојче додека спиело – родителите мислеле дека добила менструација


Брачен пар од Калифорнија цели 5 часа не пријавиле дека нивната 9-годишна ќерка е ранета, бидејќи мислеле дека добила менструација.

Девојчето спиело во својот дом во Хајвард, кога во 2 часот наутро залутан куршум ја погодил во задникот.

menstruacijaТаа се разбудила со болки и забележала крв на облеката, па помислила дека добила менструација.

Родителите не сфатиле дека е ранета дури и кога ја однеле во бањата. Дека нешто не е во ред тие забележале следното утро кога таа се разбудила сеуште со болки и крварење. Потоа во креветот ја пронашле дупката од куршумот.

Докторите изјавиле дека раната била многу мала па тешко можело да се забележи дека е повредена. Девојчето се наоѓа во болница и е надвор од животна опасност. Полицијата утврдила дека било пукано од возило во движење но се уште нема осомничени и уапсени – се прави анализа на куршумот како би се нашле сторителите.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1