Советот на Општина Карпош вчера на седница изгласа одлука Општината финансиски да учствува во заменување на покривите од азбестни цементни табли со пластифициран ребрест лим на колективни станбени згради и индивидуални станбени објекти на подрачјето на Општина Карпош.
Општина Карпош информира дека е донесена и одлука на станарите кои живеат во непосредна близина на трговскиот центар „Скопје сити мол“ да им биде обезбеден бесплатен паркинг-простор на паркиралиштето на трговскиот центар.
Советниците, исто така, одобрија во училишниот двор во ООУ „Аврам Писевски’’ во село Бардовци да се изгради градинка по Правилникот за енергетска ефикасност.
– Со тоа, на граѓаните од ова населено место ќе им биде овозможено користење на придобивките од ваков инфраструктурен објект, соопшти Општина Карпош.