Замена на азбестни покриви во Карпош


Советот на Општина Карпош вчера на седница изгласа одлука Општината финансиски да учствува во заменување на покривите од азбестни цементни табли со пластифициран ребрест лим на колективни станбени згради и индивидуални станбени објекти на подрачјето на Општина Карпош.stevce karpos1

Општина Карпош информира дека е донесена и одлука на станарите кои живеат во непосредна близина на трговскиот центар „Скопје сити мол“ да им биде обезбеден бесплатен паркинг-простор на паркиралиштето на трговскиот центар.

Советниците, исто така, одобрија во училишниот двор во ООУ „Аврам Писевски’’ во село Бардовци да се изгради градинка по Правилникот за енергетска ефикасност.

– Со тоа, на граѓаните од ова населено место ќе им биде овозможено користење на придобивките од ваков инфраструктурен објект, соопшти Општина Карпош.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1