Замина уште една актерска легенда


Актерката претрпела тежок мозочен удар. Била оперирана, но не успеала да се опоравави.

Славната српска актерка Мира Ступица доживеа мозочен удар.mira-stupica-foto-dragana-udovicic-1457791950-862389-71966

Таа е примена во Неуролошкото одделение на Ургентниот центар во Белгра. Пред само 2 дена Мира го прослави својот 93. роденден. Мира живееше во домот за старци во Земеун. Не примала посети зошто не се чувствува добро, но се израдувала за роденденот кога ја посетиле најдрагите со подароци.

Во јавноста последен пат се појави во април минатата година, на Денот на Југословенско драмско позориште, театарот кој го основаше нејзиниот допруг Бојан Ступица. Идната недела таа требаше да претседава со жирито за доделување на наградата „Жанка Стокиќ“.

Мира Ступица е родена на 17 август 1923 година во Гњилане и е една од најпочитуваните српски  драмски, филмски и телевизиски актерки и важи за најголемата дама на српското глумиште. Дебитираше во 1941 година во театар. Во 1955 година заедно со Бојан Ступица заминува во Загреб каде глуми во Хрватското народно казалиште до 1957 година кога се враќа во Белград.

Работата на филм ја започна 1951 година од кога оствари над 50 филмски и телевизиски улоги. Мира Ступица е постарата сестра на реномираниот актер Бора Тодоровиќ и тетка на Срќан Тодоровиќ и Дана Тодоровиќ.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1