Замокот на Дракула носи пари – 1,2 милиони евра чиста добивка


Музејскиот комплекс „Бран“ во Романија, попознат како „Замокот на Дракула“, минатата година на сопствениците од кралската династија Хабсбург им донел добивка од 1,2 милиона евра.

castle-draculaКомпанијата што управува со комплексот, информира дека од вкупните приходи во износ од два милиона евра, чистата добивка е 1,2 милиона евра.

„Замокот на Дракула“ е на второ место на листата на списанието „Форбс“ на најскапи замоци во светот, а неговата вредност се проценува на 140 милиони евра.

Вредноста на замокот што се наоѓа недалеку од романскиот град Брашов, во последните три години нарасна за повеќепати, а пред се откако државата му го врати на сопственикот, надвојводата Доминик де Хабсбург.

„Замокот на Дракула“ е најпосетувамиот туристички објект во Романија, со над 500.000 посетители годишно, од кои повеќето се странци. Меѓу посетителите на замокот биле и Кевин Костнер, Николас Кејџ, Куба Гудинг Џуниот и други познати личности.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1