Во специјалната хируршка болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје за време на празниците се примени 105 пациенти со повреди предизвикани при пад на замрзнатите улици.
– 105 пациенти се јавиле за празничните денови, 8 се хоспитализирни, најголем број се возрасни пациенти, но има и 10-12 деца. Доминираат повреди на раце и подлактица, потоа надлактица, колкови, контузии, повреди на скочниот зглоб – вели директорката Јасмина Чабуковска.
Во болницата биле згрижени и лица повредени во четири сообраќајќи што се случиле поради замрзнатите улици.
– Повредите беа полесни па пациентите се пуштени на домашно лекување – вели Чабуковска.
Во ургентниот центар на Хируршките клиники во Скопје од петокот до денеска се примени се 34 пациенти со скршеници, од кои осум се задржани на трауматологија, а другите се пуштени на домашно лекување. Најголем број од пациентите се повозрасни лица кои поради пат на лизгавите улици скршиле нога или колк.