Заобиколете ги овие крстосници: ВМРО ДПМНЕ ќе протестира и блокира улици и гранични премини


Протест во 18 часот пред истражниот затвор во Шутка и блокирање на раскрсници.

Ова ќе биде денешниот епилог од протестот кој го најави ВМРО ДПМНЕ.

Крстосницата кај Соборен Храм, кај „Мавровка“, кај „Нова Македонија“ и кај Црвен Крст денес од 15 до 17 ќе бидат блокирани

ВМРО-ДПМНЕ ќе блокира разни гранични премини во текот на наредните четири дена, информира МВР.

– Од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ добиено е известување во кое се најавува дека секој ден ќе се одржува јавен собир со блокада на гранични премини, и тоа по следниот редослед: денеска од 16 до 18 часот на ГП Богородица; утре од 17 до 18 часот на ГП Ќафасан; в петок, 22 декември, од 17 до 18 часот на ГП Деве Баир и в недела, 24 декември од 16 до 18 часот на ГП Богородица – соопшти МВР.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1