Западен Балкан на листата „безбедни земји“


Европскиот парламент почна процедура за создавање на заедничка европска листа на „безбедни“ земји во своето соседство, каде треба да се најдат седум држави односно целиот регион на Западен Балкан и Турција.balkan2

Ако се усвои листата тоа би значело дека граѓаните на тие држави нема да можат да добијат азил во земјите-членки на Европска унија. ЕП со тоа се надева дека со листата ќе се намали притисокот од барателите на азил во земјите-членки на ЕУ.

Според податоци на ФРОНТЕКС, само минатата година и само од Косово во ЕУ пристигнале и побарале азил 24.000 луѓе.

Комитетот за правда и граѓански слободи во ЕП ја покрена иницијативата за создавање на на „безбедни“ земји од Западен Балкан и Турција.

Иницијативата е во зачеток и се очекуваат полемики кој и како ги исполнува критериумите за да се најде на листата

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1