Западот сака кога Балканот е на работ на војна


Две децении од крајот на војната во Хрватска и Босна и Херцеговина (БиХ), народите на Балканот не се поблиску до суштинско помирување, пишува „Вечерње новости“.

Премалку е времето кое помина од судирите на Косово во 1999-та година за Србите и Албанците да можат да се разберат, а две децении од „Дејтон“ очигледно не се доволно за помирувањето во БиХ. Нити 70 години од Втората светска војна не беа доволно за да дојде до траен мир помеѓу југословенските народи.balkan-cia-630x362

На Балканот за војна е потребно малку, а се чини дека тоа се само неколку дена. Дека народите „од Вардар па до Триглав“ отсекогаш биле склони кон омразата, насилството и оружјето отколку до мирот и разбирањето, историјата дава многу докази.

Последниот чекор кон помирувањето, направен во Сребреница, покажа дека Србите и Бошњаците денес подеднакво гледаат на работите како и во 1992-та година. Ова искуство буди и очекувања дека прославата на две децении од операцијата „Бура“, која помпезно се најавува во Загреб и Книн, нема да покаже дека атмосферата во Хрватска 2015-та година нема да покаже дека е идентитчна како и во пролетта 1991-та или летото 1995-та година. За ова јавно се стравува дека би бил последниот клинец во ковчегот на толеранцијата и помирувањето на Балканот.meta srbija

Причината за ова не е само историскиот континуитет на нетпреливоста, едностраната култура на сеќавање, политичките елити неоптоварени со интерес, но и малите игри на големите сили. Две децении откога беше ставена точка на војната во БиХ и Хрватска, впечатокот е дека помирувањето на народите е подалеку отколку кога и да е.

Една од клучните препреки на помирувањето, согласни се соговорниците на „Вечерње новости“, е различното толкување на минатото.

Дијаметрално спротивните гледишта на истите случувања се пресилна арматура на балканските бункери во кои народите го толкуваат минатото и ја очекуваат иднината.

Според писателот и публицист, Мухарем Баздуљ, една од основните причини за сите напнатости на овој простор лежат во различната интепретација на војната, и на случувањата кои доведоа до на. Дури и кога постои согласност за фактите, интерпретацијата е различна.

„За Хрватите да речеме, операцијата „Бура“ е величенствена ослободувачка акција, додека пак за Србите таа е најголемото етничко чистење во Европа по Втората светска војна. За Бошњаците, во Сребреница во 1995-та година се случи геноцид, а за Србите воено злосторство. Ги наведувам само овие два примера од 1995-та година, а ги има многу токму од деведестите години: Вуковар, Дубровник, опсадата на Сараево, акцијата „Блесок“, па се до бомбардирањето на НАТО“, набројува Баздуљ.

Во таа смисла, тој потсетува дека на овие простори постои состојба на „замрзнат конфликт“.

„Повеќе фактори тука се пресудни, но не треба да се потцени наивноста со која овдешните народи се согласуваат да ја играат споредната улога во игрите на големите сили и неподготвеноста соседски колективно да се свртат кон подобра иднина. Не е потребно околу секој историски факт да има согласност, доколку би постоел консензус за иднината. Потребна ни е свест дека ќе биде трагично доколку имаме уште дваесет или триесет генерации кои ќе бидат заглавени во мочуриштата од деведестите“, смета Баздуљ.

Дека клучната причина за кошкањето на тесниот балкански терен е различното сфаќање на историјата, односно земањето само на оние сегмени кои се волја на официјалното толкување на случувањата од минатото, смета и хрватскиот политички аналитичар Давор Ѓенеро.

Тој сепак оценува дека последните случувања во Сребреница, кои многумина ги видоа како мрачно претскажување на новите судири, создава само привидна тензија.

„Последните напнатости нема да резултираат со поголеми проблеми. Никој повеќе нема ресурси за нова војна, а и меѓународните околности се такви што до тоа не може ни да дојде. Сите држави се во евроинтеграциски процес и ЕУ со своите механизми ќе ги тргне сите можности за воен судир“, вели Ѓенеро.

Тој го наведува и примерот на Хрватска во која различните факти кои ја кројат реалноста, едноставно се забораваат.

„Парадата во Хрватска по повод „Бура“ е гротескна бидејќи се заборава дека Европската унија, чија членка е Хрватска, пред се е мировен, а потоа и политички и економски проект“, објаснува Ѓенеро.

Впечатокот меѓутоа е дека ЕУ е под товарот на своите проблеми и веќе нема нити желба нити волја да лечи стари рани и да „исправа криви дрини“. Нејзиниот единствен интерес е контролирана состојба во која капиталот непречено ќе се зголемува, но и ќе се спроведуваат нивните политички интереси.

Социологот Љубиша Деспотовиќ смета дека регионот денес не е нити поблиску, нити пак подалеку од помирување, отколку што бил пред дваесет години. Според него суштината е во нерешените национални прашања, кои засега се енигма без клуч.

„Секоја држава и нациоја, особено оние синтетичките кои илјадници години немаат држава, и денес се обидуваат да заграбат нешто надвор од своите граници. Економскиот аспект не оди во прилог на помирувањето, бидејќи сите нови држави економски се далеку под тоа што беа пред распадот на СФРЈ“, вели Деспотовиќ, додавајќи дека евроинтеграциите се само привид дека регионот ќе се смири и ќе се движи во фаза на политички и економски развој.

„Но во повеќето од тие држави, како и пошироко на Балканот и во ЕУ, имаме процеси кои сите ги радикализираат – силната економска криза и миграцијата на населението. Регионот е пред ерупција, иако секој обичен човек само сака мир“, рекол тој.

Деспотовиќ смета дека Србите се најподготвени за помирување, поради тоа што тоа потекнува од нивното „југословенство“, но и поради тоа што Србија полека ги надминува своите национални интереси и подеднакво полека ќе ја прифаќа интеграцијата.

„Тоа што Србите најмногу сакаат помирување е добро, но некој треба да биде локомотива во тие процеси, но не по цена на националните интереси“ наведува тој.

Според историчарот Чедомир Антиќ пак, „народите и некако меѓусебно би се разбрале, но клучен проблем се политичките игри на големите држави, пред се на Германија, Британија и САД“.

„Сите национални и политички права во кои уживаат другите народи, во српскиот случај се претставени само провизорно, направени само за да се сопре војната“, истакнува Антиќ.

Што се однесува до односите меѓу Србите и Хрватите, тој како проблем го гледа тоа што за Србија војната во Хрватска и БиХ заврши во 1995-та година, и дека официјален Белград настојува тоа да го заборави.

„Најдобриот пример за лошите намери е однесувањето на хрватските влади. Тие добија се, во се успејаа, но веќе извесно е дека омразата и прогонот на Србите е само манифестација на моќта на силите кои живеат длабоко во хрватското општество и за кое односот кон Србите беше само легитимација. Мислам дека антисрпските чувства во  Хрватска во иднина само ќе растат, без оглед на тоа што Србите веќе не играат никаква улога во хрватската политика“, наведува Антиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1