Хакиран сајтот за швалери – во паника 37 милиони прељубници


Сајтот Ешлли Медисон, специјализиран за „дискретно прељубништво“ е хакиран и можно е да се компромитирани податоци на повеќе од 37 милиони негови корисници, објави Тајм.

Контроверзниот сајт чие мото е Животот е краток, имајте афера, е еден од најпознатите онлајн сервиси за „интимни контакти“, но за разлика од конкуренцијата наменет е за луѓе кои се веќе во врска или во брак.sajtot-eshli-medison

Компанијата Авид лајф медиа, сопственик на сајтот соопшти дека случајот е пријавен во полиција и оти сите страни одговорни за тој „чин на кибер тероризам ќе одговараат пред законот“.

Одговорност за нападот презеде групата Импакт тим која наведе дека „нечистите прељубници“ заслужуваат имињата да им бидат јавно објавени. Хакерите побараа да се забрани работата на сајтот како и на друг сајт од истата компанија Естаблишд мен кој се занимава со „спојување“ успешни мажи со „млади и убави девојки“.

Сајтот Ешли Медисон е основан во 2001 година и има 124 милиони посети на месечно ниво.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1