Западот во страв: Белата вдовица планира нови терористички напади


Дваесет и деветгодишната Саманта Лутвајт позната под надимакот Белата Вдовица, планира нови напади низ цела Африка, затоа што сака да го освети убиството на нејзиниот и учтел на терористите, шеикот Абубакер Шариф Ахмед.

samantaБританските медиуми се повикуваат на добро известени извори кои наведуваат дека Лутвајт, за смртта на нејзиниот учител ја криви владата на Кенија.

Учителот на Белата вдовица Ахмед познат како и Макабури (гробишта) е убиен, а неговото тело е пронајдено изрешетано во Момбаса во Кенија.

Макабури го сметале за водач на терористичката организација Ал Шабаб, а известувачите сметаат дека бил елиминиран од одред на убијци кои биле тренирани од израелски специјалци. Владините официјални лица во Најроби тврдат дека го убила токму Саманта, поради борбата за превлас во терористичката организација, иако е тешко да се поверува со оглед на тоа што и двајцата биле доста блиски.

258456_samantha-lewthwaite_fУбиениот Макабури во интервјуто кој го дал минатата година тврди дека владата на Кенија веќе се обидела да го убие. Макабури го оправда минатогодишниот терористички напад во шопинг центарот во Наироби, а ОН го сметаат за главен организатор кој регрутирал млади кениски муслимани за насилен поход во Сомалија.

Саманта Лутвајт мајка на четири деца, е осомничена за бомбашките напади ширум источна Африка. Таа побегнала од Велика Британија по смртта на нејзиниот сопруг Џермејн Линдзиј кој бил бомбаш самоубиец во Лондон. Се верува дека Макабури е поврзан со терористите во Африка. Специјалните единици не мислат дека смртта на Макабури ќе мине без последици, со оглед дека бил главен за регрутирање на млади терористи. Следбениците неговото убиство ќе го слават како маченички, па постои можност да организираат нови терористички напади.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1