Запален автомобил на пратеничка на СДСМ од Виница


Автомобил „сеат леон“ со винички регистарски таблички ноќеска е запален во Виница. Дел од медиумите објавија дека станува збор за автомобилот на пратеничката на СДСМ Славица Шуманска-Митева.Случајот е евидентиран и во билтенот на Министерството за внатрешни работи каде се наведува дека непознати лица синоќа околу 1:30 часот на улицата „Славчо Стојменски“ го скршиле стаклото на возилото по што во внатрешноста истуриле запаллива течност.

На местото на настанот е извршен увид од страна на полицијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1