Запален автомобил во Скопје


Вчера околу 22.00 часот, на ул. „Васил Ѓоргов“ од засега непознати причини било опожарено патничко моторно возило „Сеат Леон“ со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано пред зграда.Zapaleno-vozilo
Многу брзо на местото на настанот пристигнала екипа од Бригадата за противпожарна заштита и го изгаснала пожарот. Во пожарот делумно бил опожарен предниот дел на автомобилот.

За настанот бил известен Јавен обвинител, кој не излегол на местото на настанот, а увидот го извршила увидна екипа.

По наредба на Јавен обвинител, возилото е пренесено за вештачење во МВР. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1