Драма во кафеана во Македонски Брод: Насилници се заканувале со пиштол дека ќе ги убијат гостите


Вчера околу 01.45 часот во Македонски Брод во угостителски објект влегле лицата Е.П. (21), А.В. (23) и Д.С. (25), сите од Кичево, и почнале да се расправаат со гостите, при што направиле оштетување на неколку маси и столици.

Во еден момент Е.П. извадил пиштол непозната марка и го насочувал кон гостите, заканувајќи им се дека ќе пука и дека ќе ги убие.policijarotacijanoke-52787

После тоа сторителите го напуштиле местото на настанот.

Д.С. и претходно бил во истиот угостителски објект и се расправал со сопственикот.

Наведените лица се приведени.

Д.С. поради срцеви проблеми е пренесен во Медицински центар „Св.Стефан“ во Охрид каде е задржан на лекување, додека Е.П. и А.В. се задржани во ПС Кичево.

Од страна на полициски службеници извршен бил преглед во патничко моторно возило „БМВ“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, при што во делот на совозачкото седиште и вратата била пронајдена рамка со осум куршуми калибар 9мм од непознато огнено оружје, кои со потврда се одземени од Е.П..

Лицата, со кривична пријава, по брза постапка ќе бидат предадени на Основен Суд.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1