За време на новогодишните празници, вкупно десет садови за собирање на комуналниот отпад на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје беа запалени и уништени во целост.
Најголемиот дел од запалените контејнери се наоѓаа на булеварот Партизански одреди, во општината Карпош, а дел беа поставени на улицата Јане Лукроски, во општината Гази Баба, каде што е опожарен и еден специјален контејнер-ѕвоно, наменет за селекција на стакло.
Со овие постапки се нанесува голема финансиска штета на Претпријатието, но и се создаваат проблеми при одлагањето и собирањето на комуналниот отпад во градот. Апелираме граѓаните да престанат со уништувањето на опремата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и совесно да го одлагаат својот отпад, за нашите екипи да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски согласно Оперативната програма за работа.