Запалено возило во двор во Скопје


Непознат сторител утрово во 2.20 часот запалил автомобил кој бил паркиран во двор од куќа воСкопје.mercedes zapalen

Сопственичката на возилото, 42-годишната скопјанка А.Н.(42) пријавила дека непознат сторител фрлил шише со запалива течност на нејзиното „пежо“ кое било паркирано на улицата Ѓорѓи Капчев, во дворот од нејзината куќа во општина Аеродром.

Опожарен бил предниот дел од возилото.

Противпожарни екипи го изгаснале пожарот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1