Започна извлекување на бродот кој потона во Дунав: Со себе однесе 20 жртви, а по 8 се уште се трага


Спасувачки тимови од Унгарија и Јужна Кореја почнаа да го извлекуваат потонатиот брод во Дунав, кај Будимпешта.

Според Ројтерс, околу мостот Мсаргит во Будимпешта, се наоѓаат огромни кранови, бродови и спасувачи.

Туристички брод полн со туристи на 29 мај, се судри со луксузен крузер, а засега е потврдено дека има 19 јужнокорејски граѓани загинато и еден Унгарец.

Се уште се трага по уште осум лица, а седум се спасени.

Капетанот на крузерот е во притвор од 1 јуни.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1