Започна најавениот протест против поскапувањето на струјата од пред Регулаторната комисија во Скопје.
Еден час со автомобили ќе бидат блокирани крстосницата и пристапните улици пред Регулаторната комисија.
Владо Мисајловски, кој даде изјава за медиумите, ги пренесе нивните барања – враќање на цената на струјата и оставка од членовите на Регулаторната комисија и претседателот.
Мисајловски кажа дека нивните барања не можеле да ги достават до РКЕ, бидејќи таму наишле на затворена врата.
Од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш повикаа народот и сите граѓани да им се придружат во протестите и најави дека очекуваат да им се придружат и други организации и здруженија.