Започнаа градежните активности за новиот луна-парк


Започнаа градежни активности за новиот луна-парк. На терен, работниците поставуваат ограда околу просторот на кој ќе се работи, а се демонтираат и старите реквизити кои се во употреба повеќе од 40 години.luna_park-640x275

Екипи на фирмата „Жикол“ почна со подготвителните градежни активности и во моментот се формира градилиштето и се расчистува теренот за натамошните работи. Градските власти потенцираат дека забавниот парк ќе се протега на истата површина од речиси 24.000 квадратни метри како и досега. Според најавеното, се очекува новиот забавен парк целосно да биде завршен до крајот на следната година.luna5 luna6

Се очекува реализација на целиот забавен парк да чини 400 милиони денари, односно околу 6,5 милиони евра. Набавката и изведбата на првите седум реквизити се дел од првата фаза. Треба да се постават 26 реквизити за возење и забава, меѓу кои 2 адреналински, 6 семејни и 18 детски.

Според деталниот урбанистички план „Централен градски парк – блок 3“, парцелата на забавниот парк е на истото место на „Луна-паркот“, а има зацртана површина од 84.040 квадратни метри.proektlunapark(1) luna park

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1