Започнува електронско поднесување на барањата за ин-витро


Од понеделник 20 април барањата за ин-виро оплодување до Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија ќе можат да се поднесуваат по електронски пат. Барањата ќе можат да ги поднесуваат матичните лекари на осигурениците на Фондот, а право на ин-витро ќе имаат сите осигуреници кои имаат потреба за тоа, информираше денеска директорот на ФЗОМ, Сашо Стефановски.invitro

Тој  истакна дека со овој проект се кратат дел од бирократските процедури, се забрзува процесот на одлучување и се елиминира просторот за грешки и ќе нема никаква можност за административна неажурност во подрачните служби бидејќи во секое време во централата на Фондот ќе има прецизен увид на влезот на предмети за кои ќе има утврден рок за достава до Комисијата која одлучува по барање за ин-витро.

Со новиот начин на поднесување на барања за ин-витро и осигурениците и матичните лекари ќе имаат увид во статусот на нивниот предмет во секое време, дали барањето е примено во ситемот, статусот на предметот, какво е решението на барањето и кога е донесено решението.

Стефановски посочи дека останува обврската осигуреното лице, поради формата и спецификата на медицинската докумнтација, истата да ја достави во оригинал во подрачната служба на Фондот.

-Со оваа нова алатка ќе има точен увид во реално време, на поднесените барања за ин-витро во сите 30 подрачни служби на Фондот. Наша цел е да им излеземе во пресрет на сите барања на осигурениците  кои сакаат да имаат деца, а имаат потешкотии да го остварат тоа, истакна Стефановски.

Орхан Рамадани, директор на ФЗОМ информираше дека Комисијата на Биомедицинско потпомогнато оплодување  во 2014 година за ин-витро за прво дете има одлучено позитивно за 1.060 барања, а за 14 негативно што  значи дека 98.5% од барањата  со комплетна документација биле реализирани.

Тој истакна дека во 2014 година ФЗОМ овозможи и ин-витро за второ дете при што Фондот позитивно одговорил на 80.5% од барањата.

За 2014 година ФЗОМ издвоил 71 милион денари за ин-витро оплодување за прво и второ дете за вкупно 1.054 осигуреници во шестте здравствени установи со кои Фондот има склучено договор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1