Вo првa сменa вoзи мртoвци, вo втoрa храна за домот за стари лица


Поранешни вработени во домот не се изненадени од веста за труењето, зашто, како што тврдат, во истото возило со кое се доставуваат намирници за домот, се превезуваат и мртовци

Тешка инфекција на дигестивниот тракт пријавиле 32 корисници и седум вработени во домот за стари лица „Двојка” во чачачкото село Враниќи, поради што Заводот за јавно здравје вовел епидемиолошки надзор. Се претпоставува дека причинител на заразата е храна.mrtovecnica

Првите симптоми на инфекцијата се јавиле во понеделникот. Четворица со најтешка клиничка слика биле хоспитализирани на инфективното одделение. Се претпоставува дека инфекцијата ќе се шири и не се исклучува можноста да се јават уште луѓе со истите симптоми.

И оваа приказна не би се разликувала од ниту една слична, ако не се појави уште еден момент. Поранешни вработени во домот не се изненадени од веста за труењето, зашто, како што тврдат, во истото возило со кое се доставуваат намирници за домот, се превезуваат и мртовци.

– Домот е добро снабден и уреден, меѓутоа, еден работник покрива повеќе работни места. Разбирливо е дека хигиената на тие луѓе не може да биде на пропишаното ниво ако една медицинска сестра ги негова, храни и преслекува корисниците, а воедно е и чистачка и сервирка и сѐ што ќе затреба. На крајот на краиштата, цел Чачак знае дека со возилото со кое се превезуваат мртовци се врши достава на намирници во домот – вели медицинска сестра која неодамна го напуштила домот за стари лица.
Сопственикот Перо Мариќ од Германија ги отфрлил обвинувања.

– Да бе, испеков покојник и им го дадов да го јадат! Што ви е бре, што зборите?! Кому му паѓа на памет со возило за мртовци да вози намирници? Храната со свои возила ни ја доставуваат – луто изјавил Мариќ.

Тој претпоставува дека корисниците се затруле со велигденски јајца.
– Во нашиот дом престојуваат и некогашни судии, полицајци, па и една тетка, службеничка во едно министерство, не ви кажувам кое. Да не чини нешто, тие први би реагирале, објаснил Мариќ откако се смирил.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1