Со текот на годините многу модели ги менувале стандардите за убавина кои ги наметнала модната индустрија. Една од нив е Лолита, која себе се нарекува „црна Хана Монтана“.
Плус-сајз манекенките започнаа своевидна „револуција“ во поимањето на убавината и „стандардите“, како и манекенките како Вини Харлоу (22) која има витилиго, состојба која ја предизвикува депигментацијата на делови на кожата како и Реин Доув која на пистите чекори во машки и женски колекции.
Една од нив е Лолита која бргу ја нарекле „црна Барбика“ поради нејзиното лице кое наликува на кукла. Освен што е баран модел, Лолита, која себе се нарекува и „црна Хана Монтана“, е и ѕвезда на Инстаграм. Лолита секојдневно ги поттикнува своите пријатели, а посебно младите девојки да се гордеат со своето тело и бојата на кожата.
„Толку време минав грижејќи се за својата коса и шминка. Се обидував да им се допаднам на момчињата и ги копирав популарните девојки и се облекував токму како нив. Сè што постигнав со тоа е да станам незадоволна самата со себе. Затоа ви порачувам, фокусирајте се на оценките во училиштето. Бидете, убави, умни и сакајте се себе“, напишала неодамна Лолита со што собрала 100.000 лајкови.