Австралискиот терорист Брентон Таран кој во две џамии во Нов Зеланд, во Крајстчер, убил најмалку 49 лица, некогаш работел и како личен тренер.
Како што пренесуваат странските медиуми, работел во теретаната „Биг ривер џим“ во Нов Јужен Велс во Австралија. Менаџерката на теретаната, Трејси Греј го препознала Тарант на снимките од масакрот и потврдила дека работел со нив од 2009 до 2011 година.
„Беше многу посветен на работата. Работеше на бесплатни тренинзи за деца. Не знам што му се случило, можеби за време на патувањето нешто му се сменило во главата3, вели Греј мислејќи на бројните патувања на кои Тарант бил изминативе години.
Тарант ја посетил и Северна Кореја каде со фотографирал со група туристи пред споменик. Според наводите на социјалните мрежи бил и во Пакистан.
Како што вели Греј, татко му починал од рак, се верува дека сестра му и мајка му се и понатаму живи.
„Мислам дека татко му му ја всади љубовта кон тренингот. Многу тренираше, интензивно. Сакаше да биде здрав. Навистина не можам да верувам дека некој со кој секојдневно сум соработувала е способен за вакво нешто“, рекла таа.
Дејли Меил пренесува дека таткото на Тарант бил атлетичар.