Уште едно изненадување на евровизиската сцена – Јана Бурческа откако откри дека е бремена, вечерва во живо го кажа судбоносното „да“.
Сепак Бурческа ќе ја памети оваа Евровизија во Украина целиот свој живот зошто среде гласањето момчето што го претставија како Александар ја запроси Јана пред камерите и пред 200 милиони гледачи кои вечерва ја следат полуфиналната вечер на Песната на Евровизија.
Пред да настапи македонската претставничка на Евросонг со промотивниот спот објави дека е трудна. Во спотот што се пушта како најава пред секој настап на учесниците на евровизискиот фестивал во една сцена се појавува Јана на ехо преглед во гинеколошка ординација.
Александар Филиповски ја побара за жена Јана Бурческа во „зелената соба“ зад евровизиската сцена.