Бакингемската палата бара личност која ќе биде задолжена за присуство на кралското семејство на интернет и на друштвените мрежи.
Верувале или не, работата ќе биде платена помеѓу 56 и 63 илјади евра, а годишниот одмор ќе биде во траење од 33 дена.
-Без оглед дали покривате државна посета, свеченост или кралски обврски, ќе се погрижите нашите дигитални канали да поттикнат интерес и да допрат до поголем број луѓе, стои во описот на огласот за работа.
Оваа работа е многу поинтересна од работата како портпарол кој мора да одговара на несаканите повици од медиумите. Сега друштвените мрежи се во прв план.