На популарноста на Балканот дефинитивно не влијае нивото на образование, затоа што поголем дел од ѕвездите баш и не го љубеле училиштето, па стигнале само до осмо одделение.
Северина, Дара Бубамара и Весна Змијанац имаат барем една заедничка работа, а тоа е дека имаат завршено само основно образование. Додуша Змијанац има и курс за дактилографка.
Нешто пообразувани се Цеца Ражнатовиќ, која завршила средно ветеринарно смер свињарство, Јелена Карлеуша и Драгана Мирковиќ завршиле средно трговско, а Сека Алексиќ средно фризерско.
Жељко Самарџиќ и Маја Николиќ имаат средно музичко. Лепа Брена пак се запишала на факултет за туризам, но се откажала, па останала на средно туристичко.
Здравко Чолиќ има диплома од економски факултет, а Сузана Манчиќ од правен. Најобразувана е Неда Украден, која има дури две дипломи, од правниот и филолошкиот факултет.