Заразена наставничка стави во изолација 17 првачиња од скопско училиште


Наставничка позитивна на Ковид-19 однесе во домашна изолација 17 првачиња од основното училиште Гоце Делчев во Центар. По само 7 дена од стартот на учебната година корона вирусот влезе и во училиштата. Заразеаната последен пат била на настава во петокот а во неделата добила симптоми по што вчера и бил направен тест. Вирусот најверојатно го добила од член во семејството кој има корона. Уште една нејзина колешка не доаѓа на работа, но дури по тестирањето во сабота ќе се знае дали има Ковид или настинка. Учениците додека се дома ќе следат он лајн настава.

-Уште синоќа ги известивме родителите, тие се запознаени со оваа ситуација. Ги контактиравме и во петокот кога наставничката остана дома. Контактираме постојано со центарот за јавно и се почитуваат протоколите, вели Нада Моларовиќ, директор на ОУ Гоце Делчев – Центар.

Но не е само наставничката од Гоце Делчев со позитивен резултат. Ковид 19 имаат уште пет наставници од други училишта во државата, но немале контакт со ученици бидејќи држеле он лајн настава. За дел од родителите, пак, е нејасно зошто учениците мора задолжително да носат маски на час кога сите од одделението одат во изолација по појава на позитивен случај. Образложението на епидемиолозите е дека тоа се должи на подолго поминатото време заедно во затворен простор. Од образование, пак, не размислуваат за повлекување на ваквата мерка.

-Има експерти, лекари во Комисијата за заразни болести кои знаат и ние ќе продолжиме да ги почитуваме протоколите што ги носи Комисијата за носење на маски, вели Мила Царовска, министер за образование и наука.

Од образование апелираат на почитување на мерките за да се спречи ширење на вирусот во школскиот систем.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1