Грчката партија Златна Зора прогласена за криминална организација


Апелациониот суд во Атина пресуди Златна Зора е криминална организација. По судскиот процес кој траеше повеќе од 5 години, лидерот на партијата и 6 негови колеги се прогласени за виновни за раководење со криминална група. Останатите 61 за учество во криминлна група Досега се читаа пресудите пред судот дојде до жесотки судири меѓу приврзани на Златна зора и полицијата.

Пред судот се собраа и над 15 000 лиѓе кои ја поздравија судската одлука.

Меѓу 68-те обвинети во судскиот процес се и 18 поранешни пратеници од партијата. Судот разгледуваше четири проблеми презентирани во една тужба: фаталното прободување на грчкиот рап-пејач Павлос Фисас со нож, напади врз рибари-мигранти, напади врз левичарски активисти и дали Златна Зора функционира како криминална организација. Златна зора беше трета по сила партија во грчкиот парламент во 2012 година.

Српскиот кризен штаб донесе нова мерка поради влошената ситуација со ковид пандемијата. Сите угостителски објекти во Србија, без разлика дали станува збор за отворени или затворени објекти од утре ќе работат до 23 часот. Од март досога Србија има евидентирано 34.000 заразени лица со коронавирусот и 757 починати.

Позитивни на Ковид-19 се се повеќе високорангирани претсавници во админситарцијата на американскиот претседател. Со советникот за политика на Трамп, Стивен Милер бројката на заразени достигна 16. Неколку часа претходно беше објавено и дека вториот човек на крајбрежната стража е позитивен. Во анализата на БИБИСИ стои дека Трамп и неговите соработници се заразиле бидејки воопшто не ги почитувале мерките за заштита од вирусот.

Над 4 милиони Американци гласаа предвреме за претседател. Ваквите бројки најавуваат дека би можело да има рекорден одзвив на изборите за прв човек на најмоќната држава во светот закажани за 3 номеври вели Мајкл Мекдоналд кој го води изборниот проект . Прогонозите се излезност од околу 150 милиони, што е 65 проценти од Американците со право на глас.Таква излезност во САД немало од 1908 година потсетува Мекдоналд. Според анкетите, демократот Бајден има предност во однос на актуелниот претседател Трамп.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1