Заразените сопружници од Дебар се вратиле од Северна Италија во автобус заедно со 40-тина патници


Има два нови случаи на коронавирусот, тоа се двајца сопружници од Дебар на 62 и 68 годишна возраст. Тие се вратиле од Бреша, Северна Италија на 27 февруари.

После влезот на границата, од автобусот се симнале патници во Куманово Скопје и Дебар. Патниците немале симптоми. Но на 2 март се јавиле на матичниот лекар со лесни симптоми и биле вратени на домашно лекување. Но денеска се однесени во болницата во Дебар. Земени се брисеви и беа направени тестовите кои излегоа позитивни, информираше министерот за здравство Венко Филипче на вечерашната вонредна прес конференција.

– Патници од автобусот со кој тие патувале се симнувале во Скопје, Куманово и Дебар. Патниците тогаш немале симптоми, а со лесни симптоми се јавиле на 2 март, вели Филипче.

-За време на престојот дома двајцата заболени имале контакт само со братот на жената. Моментално се прави интервју од епидемиолозите дали само тој човек треба да биде ставен во изолација или и членовите на неговото семејство. Вечерва пацинетите ќе бидат пренесени со специјалниот транспорт во инфективната клиника каде дежурната екипа е подготвена да ги пречека. Имаат лесна форма на воспаленост на респираторниот систем, вели Филипче.

Министерот за здравство додаде дека најдени се имињата и матичните броеви на сите патници од автобусот.

-Се прави моментално идентификација на останатите патници. Во текот на утрешниот ден по лоцирањето на патниците истите ќе бидат интервјуирани и согласно нивната состојба и податоците и анализа на контактите ќе бидат преземени соодветни мерки, рече Филипче.

Филипче соопшти дека сопружниците имале контакт само со братот на жената заразена со коронавирусот, а во автобусот со нив имало 40-тина патници.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1