Зарази од кои треба да се чувате ако летувате на егзотични дестинации


Доколку вашата летна дестинација се егзотичните места, како не пример, во Африка, пред да патувате треба да се распрашате за болестите кои се карактеристични за тие краеви и да се подготвите за превенција од евентуални зарази.

Во повеќето блиско-источни и африкански земји има проблем со чистотата на водата за пиење и со хигиената при приготвувањето на храната. Постојат разни инсекти и паразити кои ги нема кај нас, како и болести на кои Европејците не се изложени. Овие подрачја се здравствено ризични, затоа треба да внимавате кога ги посетувате местата што се надвор од хотелскиот комплекс.

egzoticna-putovanja

Најдобро е да се придржувате до советите и препораките на лекарот за да се избегнат стомачните проблеми или сериозните заразни болести. За да ги избегнете стомачните проблеми често мијте ги рацете со сапун и вода и секогаш носете со себе влажни марамчиња на база на алкохол или некое дезинфекциско средство.

Пијте само купена вода во шишиња и избегнувајте да пиете пијалаци со мраз бидејќи нема гаранција дека тој не е направен со вода од чешма. Не јадете храна купена од улица или храна која не е доволно варена, па дури ни свежо овошје или зеленчук, за да ги спречите болестите кои најчесто се пренесуваат преку храната.

Честа појава е и патничкиот пролив, кој може да биде предизвикан од вируси, бактерии или од паразити. Таквите инфекции кои најчесто се предизвикани од ешерихија коли, салмонела и од разни паразити, доведуваат до пролив и до повраќање, зголемување на телесната температуре или до хепатит А, кој е многу поопасен за возрасните отколку за децата. Не консумирајте свежи млечни производи, освен ако не се пастеризирани.

Маларијата е една од најопасните болести од која треба да се чувате кога престојувате во африканските краеви. Доволна е една ноќ да поминете во маларично подрачје. За да се заштитите поставете мрежи на прозорците или околу креветот, испрскајте ја собата со спреј, користете средства против убоди од комарци (репеленте) и евентуално антималариски лекови, а при ноќните излегувања носете облека со долги ракави и ногавици.

Првите симптоми на маларија, кои се слични на грипот, се јавуваат од девет до 14 дена по убодот од комарецот. Со појавата на првите симптоми, треба да се обратите на лекар за да може веднаш да спроведе соодветна терапија.

Во тропските зони, заедно со маларијата се појавува и жолтата треска, која исто така ја пренесуваат комарците. Симптомите на жолтата треска најчесто се зголемена телесна температура, која по неколку дена прераснува во многу висока главоболка, болки во мускулите, стомакот и повраќање. Ако и се дозволи на болеста да се развива, доаѓа до крвавење и до нарушување на функцијата на црниот дроб и на бубрезите.

За да се избегне ова сериозно заболување, се препорачува да се прима вакцина, и тоа десет дена пред патувањето, бидејќи тоа е оптималното време за создавање заштита.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1