Зарази, рак .. овде би умреле брзо – најзагадени градови (Фото)


Загадувањето е голем проблем во многу градови ширум светот. Во овие градови не е можно да се дише без маска, а има и такви во кои е потполно сеедно дали сте вдишиле воздух или сте испушиле 2,5 кутии цигари. Еве ја листата на најзагадени градови на светот.

zagaduvanje

Вапи, Индија

Овој град има претрпено сериозна катастрофа поради брзата индустријализација до која дојде во Индија во последните неколку години. Тој е сместен на крајот од 400 километри долгата низа на индустриски имот. Подземната вода е загадена со жива и други тешки метали. Мерењата покажуваат дека нивото на жива во тој град во водата е 96 пати поголемо од препорачаното ниво. Покрај тоа, траги од тешки метали може да се најдат и во воздухот, па дури и во производите кои се продаваат во градот.

Делхи, Индија

Се смета дека Делхи е град со најлошо загадување на воздухот на светот. Нивото на загадување е девет пати полошо отколку во Лондон. Тоа е последица на брзата урбанизација и економска експанзија, а масовниот раст на бројот на автомобили на патиштата е една од главните причини за лошиот квалитет на воздухот.delhi-indija-zagadenost-foto-profimedia-1424455360-618743

Отпадокот и канализациите создаваат водени болести кои придонесуваат кон исклучително високата стапка на морталитет на новороденчињата во Њу Делхи.

Самкајит, Азербејџан

Сега како дел од Азербејџан, проблемите на Сумкајит започнаа кога беше дел од Советската Унија како клуч на индустрискиот центар за продукција на земјоделски хемикалии. Обидот да се направи што повеќе производи по евтина цена доведе до природна катастрофа. Се уште постои многу индустриски отпад, затоа што не постои закон кој ја спасува природата. Процентот на луѓе кои се разболеле од рак е помеѓу 22 и 51 отсто поголем од кој било друг голем град. Уште еден проблем се и бебињата родени со аномалии и смрт на породување.samkajit-azerbejdzan-zagadenost-foto-profimedia-1424455691-618745

Кабве, Замбија

Во 1902 година во Кабве е откриено оловото. Ова откритие резултирало во тоа овој град да стане втор по големина во Замбија. Рударството се проширило со изградба и топилница. Но, таа испуштала премногу токсични гасови. Продолжила да работи до 1994 година. Остатоци од олово, бакар и цинк се пронајдени 20 километри далеку од топилницата и рудниците. Децата во овој град и понатаму страдаат од труење со олово, а рудникот и топилницата се напуштени. Поради сиромаштијата на подрачјето, многу жители се принудени да одат назад во рудниците и да бараат старо железо или јаглен за да преживеат.

Норилиск, Русија

Еден од најголемите комплекси на рудници се наоѓа во градот Норилиск во Русија, кој има популација од 170.000 луѓе. Загадувањето е толку страшно, што ниедно растение не може да опстане и нема ништо зелено во радиус од 20 милји. Како компензација за работата под вакви услови, работниците добиваат 90 дена одмор годишно и можат да се пензионираат на 45 години. Меѓутоа, жителите на овој град боледуваат од тежок облик на рак, заболување на кожата и депресија.

norilisk-rusija-zagadenje-foto-profimedia-1424455957-618747

Линфен, Кина

Некој еднаш рекол дека ако мора чиста облека ставите надвор да се суши, ќе биде потполно црна пред да се исуши. Главниот проблем во градот е тоа што тој е развиен за експлоатација на јаглен, а не е направено доволно за да се спречи ефектот на загадување и јаглен прав. Иронично, се до средината на 1970 година градот бил познат по своето земјоделство и зелени површини, како и неговата изворска вода.

la-oroja-peru-zagadenost-foto-profimedia-1424456259-618749

Ла Ороја, Перу

Уште од 1922 година, американска компанија вложила во топилница на полиметални производи во близина на малиот град Ла Ороја во Перу. Нејзината емисија предизвикала над илјадници луѓе да бидат изложени на опасни материи, вклучувајќи олово, бакар, цинк и сулфур-диоксид. Необично високо ниво на олово е откриено во крвта на децата. Моментално се работи на утврдување на степенот на загадување на земјиштето во регионот.

Чернобил, Украина

По нуклеарната катастрофа на Чернобилската нуклеарна електрана во 1986 година, големата зона стана практично ненаселива. Најголемата нуклеарна хаварија во светот во тоа време се прошири во воздухот и на дел од источна Европа. Нивото на радијација во градот и околните подрачја е значително опаднато, меѓутоа луѓето се уште не сакаат ниту да му пријдат.

292191_cernobilj-reuters-2_f

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1