Заробените деца во пештерата во смртна опасност: Три плана за спас (Видео)


Поминаа три дена откако децата заедно со тренерот беа пронајдени во пештера во Тајланд.

Тие и натаму се заробени под земја, но сега имаат ќебиња, храна, медицинска нега, а друштво им прават нуркачи и доктор.

Напорите за спасување, во кое се вклучени повеќе меѓународни тимови и стотина луѓе, продолжува да се одвива на три фронта.

Планот А е децата да се научат да нуркаат за да може да излезат од пештерата во придружба со нуркачи, а гувернерот изјавил дека момчињата веќе почнале да учат како да нуркаат во пештерата.

Планот Б е испумпување, односно сушење на пештерата, за децата да можат да излезат нив пештерата повторно низ вода, но без да треба да нуркаат. Војската веќе започнала со овој процес за да може децата да се извлечат пред новите најавени монсунски дождови.

Властите соопштиле дека нивото на водата во првиот дел од пештерата е намален за 40 проценти. Сега е возможно да се помине низ водата до комората 3.

Планот Ц е да се направи отвор низ земјата за да се дојде до пештерата во која се заробени децата. Гувернерот претходно ја исклучи оваа опција како една од можните бидејќи децата се наоѓаат меѓу 800 метри и еден километар под површината и во затворен простори, па оваа опција не е безбедна.

Еден од искусните нуркачи објасни дека најголем проблем во спасувањето е тоа што децата поминале 11 дена без храна и соодветна вода.

-Веројатно и ментално и физички се слаби. Дури и кога сте искусен нуркач мора да бидете во добра форма за да можете да нуркате, вели тој.

Монсунски дождови повторно се очекуваат за викендот. Ако тоа се случи пред децата да бидат спасени, порастот на нивото на водата може да значи дека децата во пештерата може да останата заробени уште четири месеци.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1