Зашаметени со затруено кафе, ограбени и оставени на Галичица – Уапсен киднаперот на брачниот пар во Охрид


Српската полиција го пронашла и уапсила 38-годишниот охриѓанец кој минатата година заедно со уште едно лице, киднапираа и ограбија брачен пар од Скопје, по што жртвите во бесознание беа оставени на падините на Галичица.

galicica.zimaАпсењето на осомничениот за киднапирањето го потврдија од СВР Охрид, со информација дека наскоро преку македонското Министерство за правда ќе биде побарана негова експрадиција.

Осомничениот охриѓанец е во бегство од јуни минатата година кога и се случи инцидентот, додека неговиот соучесник беше уапсен набргу по случајот, по што беше осуден и се наоѓа на ислужување затворска казна.

Инцидентот со киднапирањето се случи на 3 јуни минатата година, кога двајцата киднапери преку поставен оглас на социјалните мрежи намамија брачен пар од Скопје, за наводна продажба на патничко возило.

На договорената средба на односниот ден, тие во стан на улица „Мирче Ацев“ во Охрид оствариле разговор со младите сопружници, притоа опивајќи ги со средство ставено во нивните пијалоци.

По престанокот на дејството на опијатот, жртвите се разбудиле на падините на планината Галичица, со видливи траги на насилство врз нивните тела. Притоа разбојниците од нив одзеле 2.800 евра и 58 илјади денари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1