Актерката Сара Голдберг, попозната под името Сара Дениел Медисон, починала во сон во 41 година од животот.
Сара е најпозната по серијата „На седмо небо“, но играше и во “Judging Amy”, “CSI”, како и во третото продолжение на филмот “Jurassic park’, “Trening day“ со Дензел Вашингтон…
Нејзината мајка потврди дека Сара починала.
„Рече дека ќе оди на спиење, без да се пожали на некој здравствен проблем, но повеќе не се разбуди“, рекла нејзината мајка.